///
КРАТОК ПРЕГЛЕД НА ПРОЕКТОТ

  • Posted on: 2 December 2018
  • By: admin
ПОЛЕ Зајакнување на конкурентноста, бизнисот, трговијата и инвестициите
Име на проектот Иновативен Еко-Систем во прекуграничната област (Innovation Eco-System in the CBC area -CBC INNOV8)
Вид на договор/категорија Прекугранична програма на Поранешна Југословенска Република Македонија-Република Албанија под инструментот за Предпристапна Асистенција  (IPA II), алокација за 2014-2020
IPA компонента (национална или регионална) Прекугранична програма за Поранешна Југословенска Република Македонија-Република Албанија под инструментот за Предпристапна Асистенција  (IPA II), алокација за 2014-2020
Главен апликант и ко-апликанти
  • EuroPartners Development – Водечки партнер
  • Националната Агенција за Научно истражување и Иновации(ARTI)-ко-партнер
  • Фонд за Иновации и Технолошки Развој(ФИТР)-ко-партнер
  • Национален Центар за Развој на Иновации и Претприемачко Учење (НЦРИПУ) - ко-партнер
Контекст/Позадина  Албанија и Македонија се соседски земји но нивото на размена помеѓу нив е на многу ниско ниво. Прекуграничните Старт-Ап и МСП, покрај неразвиената физичка инфраструктура, се карактеризираат со висок степен на имиграција и постоечките бизниси се на ниско ниво на технолошки развој и конкурентност. Образовните институции овозможуваат формално образование, наспроти вклучување наставен програм што ќе го поддржува само-вработувањето. На друга страна, иновативно водените програми ги нема, оставајќи многу млади луѓе без опција освен да се стремат кон работење за други, надвор од државата. Исто така, бизнисот често приговара за низок квалитет на човечки ресурси поради несоодветни до старомодни наставни програми во образовните институции. Покрај споменатата инфраструктура што ја ограничува комуникацијата во прекуграничната област, постои потреба да се подобри врската помеѓу образовните и бизнис ентитетите што ќе биде овозможено преку овој проект. Бизнисот ќе има придобивки од користење на услугите од иновацискиот хаб, исто како и соработка со иновациските Старт-Ап-и формирани преку хабот или пак директни информации што ќе придонесат за поголем раст во таргет областа. Институциите на високото образование ќе служат за клучен двигател за технолошки развој на претпријатијата во секоја од државите, спротивно на ширењето на слаби знаења во сите сектори. ,,Претприемачките Универзитети“ можат да овозможат флексибилна наставна програма фокусирана главно на примена на технологии.
Апстаркт (кратко резиме на проектот)

Овој проект се состои од воспоставување на иновациска инфраструктурна поддршка за трансфер на know-how технологии помеѓу Старт-Ап и МСП во прекуграничната област помеѓу Република Македонија и Република Албанија. Главната цел на предложената активност е да се помогне воспоставувањето, внатре во постоечкиот едукативен и бизнис контекст, прекуграничен иновативен еко-систем за Старт-ап и МСП преку:

  1. Зајакнување на капацитетите на клучните вклучени страни во унапредување на конкурентноста и знаењето во прекуграничната област
  2. Зајакнување на меѓусекторската соработка помеѓу МСП и Стартап-ите со фокусирање во надополнување и користење на сегашните и идни бизнис можности за заеднички вложувања и можност за повеќегодишни услуги
  3. Водење на воспоставениот еко-систем од национална кон прекугранична област

Овој проект ќе трае 28 месеци од 01/01/2018-30/04/2020 и ќе биде имплементиран од соодветните организации како: Таргет групите на проектот вклучуваат: универзитети, истражувачки центри, едукативни центри од примарно ниво, Стартап-и во прекуграничната област како секундарно ниво на таргет група, и регионални институции, општини во областа каде овој проект треба да се имплементира, стопански комори и локални бизнис претставници. Последната група се смета за трето ниво на таргет групите. Овој проект е финансиран од Европската Комисија претставен преку Делегацијата на Европската Унија во Поранешна Југословенска Република Македонија.

Финални придобивки  Финалните бенефиции се оденсуваат на: локалното население во таргет областа на Охрид, Македонија и Корча, Албанија 
Локација на активностите  Охрид, Македонија и Корча, Албанија
Задачи  Соработка со цел да се зголеми конкурентноста и трговската размена во прекуграничната област, преку овозможување трансфер на know-how технологии помеѓу Стартап-и и МСП.
Активности

Пакет-активности 1: Истражување на иновативниот потенцијал и спроведување на националните стратегии за иновации

Пакет-активности 2: Воспоставување на прекугранична и меѓусекторска иновациска платформа

Пакет-активности 3: Започнување на пилот прекугранични иновациски хабови во рамките на универзитетите

Пакет-активности 4: Градење капацитети за вклучените субјекти во прекуграничната област

Пакет-активности 5: Доделување грантови во прекуграничната област и кофинансирање на МСП

Пакет-активности 6: Промоција на новиот прекуграничен еко-систем помеѓу Македонија и Албанија

Влијание и Резултати Планиран резултат 1: Идентификувани пропусти во знаењето поврзани со иновативност и можности за трансфер на know-how, технологии и иновации за Старт-Ап и МСП.
Планиран резултат 2: Развиена меѓусекторска платформа за иновации за трансфер на know-how, технологии и иновации за Старт-Ап и МСП.
Планиран резултат 3: Зајакнати капацитети на прекуграничните иновативни вклучени субјекти за создавање ефективен иновативен еко-систем во прекуграничната област со двата прекугранични иновациски хабови.
Планиран резултат 4: Зголемена конкурентност на Старт-Ап и МСП во прекуграничната област
Планиран резултат 5: Зголемена конкурентност на Старт-Ап и МСП во прекуграничната област
Факти и податоци

Клучните факти и податоци релевантни за проектот:

  • Траење на проектот: 28 месеци
  • Дата на почеток на проектот:01/01/2018
  • Дата на крај на проектот: 30/04/2020

Податоци:

  • Износ на проектот: 389028.69 €
  • ЕУ учество: 330674.39 €
  • ЕУ учество во проценти: 85%
Крајни корисни фусноти www.innov8cbc.com