///
Организирање и имплементирање на кофинансирачка шема за CBC и заеднички вложувања во МСП

Учесници:

Г-ѓа Еринда Папа, Проректор за наука и истражување, Универзитетот ,,Фан С. Ноли“ од Корча

Г-ѓа Ерјона Асабела, Научен соработник за врски, Универзитетот ,,Фан С. Ноли“ од Корча

Г-ѓа Брикела Келемани, Специјалист за односи со јавност, Универзитетот ,,Фан С. Ноли“ од Корча

Г-ѓа Меги Колеци, Специјалист за туризам и проектен менаџмент, Општина Корча

Г-дин Стилиан Дораци, Менаџер за финансии, EuroPartners Development

Г-дин Анди Стефанлари, Ментор експерт за услуги од практиканти

Г-дин Роберт Думи, Директор на мултилатерална унија, Национална агенција за научно истражување и иновации

Г-дин Џулијан Заими, Специјалист во Мултилатерална Унија, Национална агенција за научно истражување и иновации

Главна цел: Дефинирање и организирање на голема шема на кофинансирање со цел да се обезбедат грантови на 10 МСП/Старт-апи (по 5 од секоја страна) или  во веќе започнати бизнис вложувања од двете страни на границата.

Важноста на состанокот е заснован на: Дискусија и евалуација на 11 поднесени апликации за грантови.

Формална дискусија

Овој состанок беше одржан во просториите на Универзитетот ,,Фан С. Ноли“ во Корча. Г-дин Думи го отвори состанокот констатирајќи дека кофинансираните апликации се најзначајниот дел од овој проект. Г-дин Стефанлари исто така го нагласи фокусирањето на критериумите за проценка и тримесечниот пилот проект. Додаде дека евалуцискиот процес треба прецизно да ги следи одобрените критериуми на кофинансирање во инструкциите. 

Г-ѓа Папа, од друга страна, ја појасни институционалната поддршка во шемата на кофинансирање, повикувајќи се на други слични претходно имплементирани проекти. Г-дин Думи исто така даде примери на други мини-проекти од Horizon 2020, Tempus и COSME, кои поттикнаа и поддржаа поединци и МСП низ Албанија во земјоделството, IT, туризмот и иновацискиот развој. Ова второво се смета дека е многу важно за полињата во кои е воведено поради големото влијание врз економскиот развој низ бизнис модели од инкубатори, како и смарт Старт-апи. Г-ѓа Колеци од Општина Корча го сподели своето мислење поздравувајќи го овој ден како ,,шанса“ што е дадена на 5 да бидат избрани за иновативни идеи. Исто така изјави дека Општина Корча ќе биде активно вклучена во развој на бизнисот и поддршка на иновативни идеи. Како пример, таа го донесе Иновацискиот Хаб во општинските простории, сметајќи го за значајна инвестиција.

Процес на евалуација:

После дискусијата, претставници на работната група се запознаа и ги разгледаа сите 11 понуди со читање на краткото објаснување, како и со концептуалната идеа на делување. Г-дин Думи и Г-дин Стефанлари се согласија дека евалуацијата треба да биде прецизна, индивидуална и непристрасна. Г-дин Думи, покрај ова, додаде дека некои апликации се базирани на добри идеи, но не се добро опишани, додека други неиновативни идеи се со добра дескрипција. Поради краткото време за избор на проект за имплементација, беше нагласен вовед на реален проект, економско и регионално влијание, споделување нови идеи, зајакнување иновациски капацитети преку заеднички бизнииси, поблиска соработка како и трговија и зголемување на инвестиции.

Г-дин Стефанлари уште еднаш  напомена дека евалуацијата на апликациите за финансиска поддршка треба да ги имаат следните подобни критериуми/активности:

  • Секое претпријатие треба да е регистрирано во согласност со домашното трговско право и стекнато со даночен број
  • Да биде индивидуално или микро МСП (до 10 вработени)
  • Да нема финансиски обврски
  • Да не ги нарушува правата на интелектуална сопственост на трети лица
  • Да има развиени пилот линии
  • Проектно тестирање
  • Активности поврзани со ИС и дизајн

И сите тие да бидат основани на некои иновативни идеи, како заедничка корист за двете земји.

После различните мислења и аналитички дискусии, работната група премина на евалуациски процес според одобрените насоки. Овој процес беше изведен според следните правила:

  • Степен на иновација
  • Квалитет на проектот
  • Капацитет на проектниот тим или поединецот
  • Пазарен потенцијал
  • Влијание
  • Финансиски критериум

Г-дин Дораци го нагласи фактот дека секој претставник од избраните грантисти треба да е посебно интервјуиран и да даде детална дескрипција на неговиот или неговата идеа. Тој исто така ги поддржа активностите поврзани со буџетската дескрипција на апликацијата, предложувајќи внес на плаќање на секоја завршена активност на 5-те добитници на грантови. Второво беше поддржано од сите.

Следен чекор: Резултатите ќе бидат електронски калкулирани и советот за евалуација ќе ја заклучи финалната одлука до следната недела.