///
Работилница за градење на капацитети кај МСП и стартап компании во Иновацискиот хаб во Охрид

За целите на проектот ,,Иновативен Еко-систем во прекуграничната област” (INNOV8), како дел од IPA програмата за предпристапна асистенција, овозможена од Европската комисија преку Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија, во Иновативниот Хаб при Факултетот за туризам и угостителство во Охрид на 20.12.2019 година пред претставници од малите и средни претпријатија, асоцијации и друштва од Охрид и Струга, се одржа обука ,,Градење капацитети на малите и средни претпријатија и Старт-ап компании”. Обуката ја водеа Проф. Д-р. Радмил Поленаковиќ и Д-р. Борислав Нестороски.

Проектот се спроведува со цел создавање силна врска помеѓу едукциониот систем и бизнис секторот за зајакнување на малите и средни претпријатија и зголемување на нивната конкурентност. Главните цели вклучуваат развој на економијата, намалување на имиграцијата, намалување на трендот ,,одлив на мозоци “ и подобрување на прекуграничната соработка.

Во овој проект се вклучени следните апликанти: EuroPartners Development и Националната Агенција за научно истражување и иновации од Република Албанија и Фондот за развој на иновации и технолошки развој и Националниот центар за развој на иновации и претприемачко учење од Република Северна Македонија.

Иновативниот Хаб преку активноста на своите вработени овозможува административна подршка, информации, координирање на активностите на вклучените субјекти, тренинзи и работилници со цел развој на иновации и апликација за грантови. Иновативниот Хаб од Охрид својата соработка ќе ја одржува со Иновативниот Хаб од Корча.

Сите информации за работата и активностите на хабот ќе бидат објавувани на веб страната на Факултетот за туризам и угостителство- Охрид и Facebook-страната Innovation Hub-Ohrid.