///
Свечено отварање на Иновацискиот Хаб во Корча, Албанија

Учесници:

Проф. д-р Али Јашари, Ректор, “Фан С.Ноли“ – Универзитет во Корча

Г-ѓа Еринда Папа, Проректор за наука и истражување, Универзитетот ,,Фан С. Ноли“ од Корча

Г-ѓа Енслемвера Заке, Раководител на одделот за администрација и финансии,  UNIKO

Г-дин Артур Прифти, Директор на Програма, Гаранции на квалитет и истражување UNIKO

Г-ѓа Елена Тона, Раководител на универзитетската библиотека,UNIKO

Г-ѓа  Ефтиола Биликбаши, Раководител за архивски и протоколарни прашања, UNIKO

Г-ѓа  Моника Шано, Специјалист за финансии,  UNIKO

 Г-ѓа Ерјона Асабела, Научен соработник за врски, UNIKO 

Д-р Вера Караџова, Раководител на оддел за финансии и осигурување, Факултет за туризам и угостителство, Универзитет ,,Св.Климент Охридски“ - Битола

Г-дин Марјан Кузмановски, Системски и мрежен администратор, Факултет за туризам и угостителство, Универзитет ,,Св.Климент Охридски“ - Битола

Г-ѓа Бенила Темели, Заменик градоначалник, Општина Корча

Г-ѓа  Етлева Муљај, Проектен директор, EPD

Г-дин Стилиан Дораци, Административен соработник, EPD

Г-ѓа  Шпреса Зилфо, Главен соработник во Оновацискиот Хаб, EPD 

Г-дин Роберт Думи, Генерален директор, NASRI

Г-дин Џулијан Заими, Специјалист на мултирателарна унија, NASRI

Г-ѓа Ивана Станковска, Проектен Менаџер, НЦРИПУ

Г-ѓа АњаУјдур, Соработник за врски, ФИТР

Главна цел: Свечено отворање на Иновацискиот Хаб во Корча

Важноста на состанокот се заснова на:

  • Дискусии за комплетното работење на Иновацискиот Хаб
  • Кофинансирање и повик за понуди
  • Договарање дата за потпишување на Меморандумот за меѓусебно разбирање

Обраќање:

Г-дин Али Јашари, Ректор, “Фан С.Ноли“ – Универзитет во Корча ја отвори церемонијата, ги поздрави и им посака добредојде на сите учесници. Тој воедно им посака добредојде на претставниците на универзитетот ,,Св. Климент Охридски“ од Битола. Г-ѓа Еринда Папа упати честитки за настанот и посака идна успешна соработка. Ова беше силно поддржано од Г-дин Јашари, нагласувајќи дека овој Иновациски хаб нема да служи само на студентите туку за секој што споделува и поддржува иновациски идеи.

Г-ѓа Бенила Темели, заменик градоначалник на Корча, го нагласи значењето на хабот како дел од визионерскиот проект финансиран од ЕУ. Таа соодветно ја нагласи улогата на општината во создавањето идеи, иновациски идеи, поддршка како и можна синергија. Г-ѓа Темели меѓу другото потсети дека има мал иновациски хаб во просториите на општината на Корча, но дека тој служи само за информатика/ IT девелопери. Над сето тоа, таа побара пристап  на младината и се обврза на поширока вклученост, со издигнување на важноста на хабот во регионот на Корча.

Во својот говор, Г-дин Роберт Думи, Генерален директор на NASRI, претстави нешто за иновацискиот потенцијал во Корча. Тој јасно кажа дека се е безвредно ако нема иновациска поддршка. Покрај тоа рече дека хабот може да биде дел од локалната заедница.

Согласно со ова, г-ѓа Вера Караџова од универзитетот ,,Св. Климент Охридски“ од Битола, испрати честитки за церемонијата. Таа ја истакна потребата од блиска соработка помеѓу страните. Потоа, таа даде краток преглед за универзитетот ,,Св. Климент Охридски“ од Битола. Се смета за најстар универзитет во Република Северна Македонија и има 10 факултети и потенцијална соработка со интернационалните програми за размена како: Balkan University Association, CEEPUS, Erasmus + and Erasmus Mundus. Г-ѓа Караџова исто спомена за соработки во информатичката технологија, социо-економскиот развој и иновации со Интернационалниот Универзитет од Прага, ,,Св.Климент Охридски“ - универзитетот од Софија, Белградскиот Универзитет и Eötvös Loránd University - универзитетот во Будимпешта. Да се биде дел од академска соработка на размена, Г-дин Думи се осврна на учеството на „Фан С.Ноли“ – Универзитет во Корча во CEEPUS од 2009 година, и ги покани сите студенти како и целата иновациска младина да се вклучат.

Дискусија за целосното делување на Иновацискиот Хаб

Состанокот на работната група беше една од главните точки на овој настан. Беше дискутирано и заклучено за следниве идеи:

  • Старт-ап и МСП поддршка и финансирање
  • Поблиска соработка помеѓу универзитетите во Корча и Охрид во областа на иновации
  • Поблиска соработка на иновации во земјоделството, риболовот, IT и компјутерските науки
  • Младите генерации и третите ентитети
  • Културното наследство и иновацијата
  • Поддршка на иновациски МСП во туризмот
  • Паметно вклучување на младината 

Дискусија за кофинансирање ,,Повици за понуди”

Овој дел беше очигледно најзначаен. Г-дин Думи истакна дека  од претходното искуство со други проекти  финансирани од ЕУ, не е лесно да се избере најкорисното, во случајот на кофинансирање. Тој предложи работните групи да ги оценат потенцијалните МСП/Старт-апи почнувајќи од:

  1. Критериуми за подобност
  2. Исти правила на аплицирање
  3. Транспарентност
  4. Критериум на селекција според заслуга

Г-ѓа Папа ја поддржа идејата, осврнувајќи се на тоа дека критериумот базиран на заслуга треба да е најдобриот начин за добитниците на грантовите. Г-ѓа Караџова, од друга страна, објасни за развојот на иновации на различни начини. Таа беше јасна за развој на поврзаноста на двата универзитети. Во однос на овие прашања, Г-дин. Думи ја истакна просечната сума на грантот. Нагласи дека со значајна донација, секој ќе го направи најдоброто.

(Brainstorming) Размислувања и идеи за промотивна кампања

Како што беше дискутирано на претходниот состанок, промотивната кампања ќе биде одржана наредниот месец. На овој начин, г-ѓа Папа ја подржа промоцијата на проектот и повторно ги нагласи сите човечки потенцијали во регионалниот развој преку користење на иновацискиот хаб. Исто така нагласи дека овој проект треба да служи на синергијата со други иновациски МСП и/или подобрување на методологијата на научното истражување.

Дискусија за потпишување на Меморандумот за разбирање

Последниот дел од дискусијата беше посветен на потпишувањето на  Меморандумот за разбирање. Овој документ ќе го означи официјалниот пат на поблиска паметна соработка меѓу двата универзитети.  Г-дин Думи  со задоволство кажа дека двете академски институции однапред ќе ги развијат хабовите по што ќе следи целосната имплементација на INNOV8, следната година. Г-дин Думи се обврза на подобра соработка и градење на нови комуникациски мостови во насока на истражување и иновација. Г-ѓа Папа сподели погледи дека проектот се движи во вистинската насока, постигнувајќи ги најдобрите резултати.

Според дискусијата, Меморандумот за разбирање и Церемонијата за Иновацискиот Хаб во Охрид, ќе се одржат најверојатно во текот на првата недела на април.