///
Свечено отворање на Иновацискиот Хаб во Охрид - Официјална објава на Повикот за кофинансирање

Дата: 7-ми Јуни

Место:Иновациски Хаб Охрид

Факултет за туризам и угостителство

Фондот за иновации и технолошки развој официјално го отвори Иновацискиот Хаб, во рамките на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид. На истиот настан, беше објавен повикот за кофинансирање на новоформираните,,старт-ап“ и ,,спин-оф“ претпријатија од Југозападниот регион.

На настанот зборуваа директорот на Фондот, г-дин Јован Деспотоски и ректорот на Универзитетот ,,Св.Климент Охридски“ - Битола, проф. Д-р Сашо Коруновски.

Директорот на фондот напомена дека овој повик за кофинансирање има за цел да го балансира регионалниот развој и да ги помогне младите луѓе од регионот.

,, Нашата цел е програмите на ФИТР да ги претставиме поблиску до младите луѓе од југозападниот регион и да ги поттикнеме да развиваат иновативни идеи и да ги претвораат истите во нивни сопствени бизниси. Ова е дел од нашите вкупни залагања да имаме влијание над негативниот тренд на одлив на мозоци и да ги задржиме младите дома. Покрај тоа, со ваквите програми, сакаме да ги децентрализираме ФИТР програмите и да придонесеме кон балансиран регионален развој. Ова е пилот проект финансиран од ЕУ“- рече Деспотоски, нагласувајќи го значењето на ваквата поддршка од Унијата. Тој додаде дека очекува голем интерес за повикот и многу квалитетни проекти.

Ректорот, Проф. д-р Коруновски нагласи дека ваквите проекти се значајни и придонесуваат кон развојот на прекуграничната соработка и размена на идеи и знаење.

,,Ова место е отворено за сите кои имаат добра идеа и ние сме тука да помогнеме во нејзината реализација. Ова место треба да стане место каде ќе се собираат млади луѓе што тука ќе ги развиваат своите идеи. Инвестирањето во иновацијата и знаењето е круцијално за прогресот на секоја држава“ - рече Коруновски.

Повикот за кофинансирање е наменет за новосоздадени претпријатија старт-ап и спин-оф од Југозападниот регион, што ги вклучува следниве општини: Центар Жупа, Дебар, Дебарца, Кичево, Македонски Брод, Охрид, Пласница, Струга и Вевчани.

Повикот беше објавен на 07.06.2019 во два дневни весници, еден на македонски и еден на албански јазик и на веб страната на фондот. Краен рок за аплицирање е 23.07.2019 до 23:59 од www.fitr.mk/innov8, каде се достапни сите информации за повикот.

Главните теми за дискусија на работната група што се одржа на истиот ден беа детали за повикот за кофинансирање, како:

  • Какви проекти се поддржуваат
  • Достапни фондови
  • Кој може да аплицира
  • Прифатливи активности за финансирање
  • Прифатливи и неприфатливи трошоци
  • Процес на селекција и евалуација
  • Како да се аплицира 
  • Додатни информации