///
Свечено потпишување на меморандум за меѓусебно разбирање

Втора работна средба во прекуграничната област

Учесници:

Проф. д-р Сашо Коруновски, Ректор, Универзитет ,,Св.Климент Охридски“- Битола

Д-р Снежана Дајчевска, Проректор, Универзитет ,,Св.Климент Охридски“- Битола

Д-р Светлана Николоска, Оддел за безбедност и финансиска контрола ,Универзитет ,,Св.Климент Охридски“ - Битола

Д-р.Вера Караџова, Оддел за Осигурување, Универзитет ,,Св.Климент Охридски“ - Битола

Проф. д-р Али Јашари, Ректор, „Фан С.Ноли“ – Универзитет во Корча

Г-ѓа Еринда Папа, Проректор за наука и истражување, Универзитетот ,,Фан С. Ноли“ од Корча

Г-ѓа Брикела Келемани, Специјалист за односи со јавност, Универзитетот ,,Фан С. Ноли“ од Корча 

Г-ѓа Ерјона Азабела, Научен соработник за врски, Универзитетот ,,Фан С. Ноли“ од Корча

Г-ѓа Елизабета Георгиева, Програмски менаџер, Делегација на Европска Унија - Скопје

Г-дин Михаил Ирдов, Проектен соработник, Агенција за промоција на претприемаштвото во Република Северна Македонија 

Г-ѓа АњаУјдур, Соработник за врски, Фонд за иновации и технолошки развој 

Г-ѓа Сузана Патчева, Хидробиолошки институт од Охрид

Г-ѓа Ивана Станковска, Проектен Менаџер, Национален центар за развој на иновации и претприемачко учење

Г-дин Радмил Поленаковиќ, Претседател, Национален центар за развој на иновации и претприемачко учење

Г-дин Стилиан Дораци, Административен соработник, EuroPartners Development

 

Главни теми:

Денес, на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид, беше потпишан Меморандум за разбирање помеѓу Универзитетот ,,Св.Климент Охридски“ - Битола и Универзитетот ,,Фан С. Ноли“ во Корча како симбол на официјалното започнување на соработката помеѓу двата универзитети поврзано преку новоформираните иновациски хабови.

Меморандумот за разбирање беше потпишан во присуство на партнерите на проектот од Република Македонија и Република Албанија и претставници на вклучените субјекти, од страна на Ректорот на Универзитетот ,,Св.Климент Охридски“ - Битола Проф. д-р Сашо Коруновски и Ректорот на Универзитетот ,,Фан С. Ноли“ во Корча -  Проф. д-р Али Јашари.

Работилница во CBC областа

После потпишувањето на меморандумот, беше одржана работилница за иновативниот еко-систем. Работилницата за иновативниот еко-систем имаше за цел да го промовира одбраниот бизнис модел на доставување услуги на иновацискиот центар, како и можностите што ги нуди истиот.

На оваа работилница беше дадена можност да се споделат искуства меѓу присутните, да се дадат препораки за подобро функционирање на Иновацискиот Хаб, како и продлабочувањето на соработката во прекуграничната област. Претставници од универзитетите, јавните установи (Хидробиолошкиот Институт во Охрид), невладините организации (ЕД Грашница), бизнис секторот (ПАП-Охрид, Железник АД Демир Хисар) и претставници од медиумите зедоа учество на овој настан.