///
Состанок на чинителите (засегнатите страни) во Охрид

На 25 Јануари 2019 година на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид, се одржа состанок на вклучените субјекти со цел имплементирање на препораките од анализите на иновацискиот потенцијал во областа и зајакнување на комуникацијата помеѓу вклучените субјекти. На состанокот, беа презентирани резултатите од проектот и планираните активности каде беше нагласено отварањето на Иновацискиот Хаб. Можностите што ќе ги овозможи истиот беа промовирани детално за сите вклучени, и тоа:

  • Поддршка за промоција на програмата за универзитетот, како и промоција преку иновацискиот центар
  • Можност за привлекување иновациски МСП и Старт-апи за унапредување на нивниот сопствен бизнис
  • Можност да се подобри локалната економска структура преку јакнење на соработката во прекуграничната област

На овој состанок учествуваа претставници од Факултетот за туризам и угостителство, Општина Охрид, бизнис заедницата и партнери на проектот. Официјалното отворање на Иновацискиот Хаб беше најавен за после потпишувањето на меморандумот за разбирање помеѓу универзитетот ,,Св. Климент Охридски“ – Битола и универзитетот ,,Фан С. Ноли“ во Корча.