///
СТАТИИ

Каде наоѓате помош за да основате компанија? Наоѓање ментори, пристап кон инкубатори, неуморно читање на веб или наоѓање на тренинг-кампови.

,,Гледаме потреба од пократки програми што вклучуваат повеќе менторирање, повеќе пропратно консултирање и кои основата ја имаат во истражување за тоа ШТО ние знаеме за учењето“, вели Барбара Куршан (Barbara (“Bobbi”) Kurshan), долготраен ветеран во светот на едукационата технологија. ,,Сметам дека ова се одразува на еволуцијата на едукативно-технички (Ед-Тех) претприемачкиот еко-систем“.

Куршан, постар соработник и иновациски советник на Универзитетот во Пенсилванија (University of Pennsylvania’s Graduate School of Education), посветила декади во градењето на Ед-Тех претпријатија, и профитни и непрофитни. Таа знае дека претприемачите во раните фази имаат потреба од помош. Но, таа не верува дека ,,инкубаторите“, вообичаено со 3 до 6 месеци програма со цел да лансираат Ед-Тех претприемачи, се најефективниот начин да се помогне на овие селф-стартери (self-starters). Наместо тоа, Куршан прави нацрт на нов тип на програма - таков што смета дека не само што ќе им помогне на претприемачите да добијат идеи, туку ќе им овозможат да изградат стабилни организации.

На крајот на ноември, Крушан заедно со нејзините колеги од PennGSE, Мајкл Голден (Michael Golden), сега Извршен директор на Catalyst програмата и Џени Зап (Jenny Zaph), Раководител на постдипломски во Едукациона претприемачка програма (the Director of the Master’s in Education Entrepreneurship program), ќе ги тестираат тие идеи: Тие се домаќини на две работилници ,,Претприемништвото во образованието“ во Сан Франциско, наменето за претприемачи кои започнуваат компании и школи, уште еден чекор на патот на пренесување постабилен програм на вмрежување и старт-ап советување. Тие се надеваат дека овие програми ќе помогнат да се олесни патот кон такво поддржувачко опкружување какво што им е потребно на компаниите за едукативна технологија да опстанат.

Куршан и нејзините колеги ги дизајнираат нивните тековни работилници и тренинг-кампови да бидат фокусирани на специфични прашања: Како да основам организација, кои прашања од правен аспект се значајни, и најзначајно, како да изградам Старт-ап врз основа на истражување. Најрано во наредната година, Куршан очекува програмата да биде формализирана и Upenn ќе понуди на претприемачите да добијат сертификат (или дури и степен), заедно со тековното менторство и вмрежување за да се помогне на претприемачите да се поврзат со потенцијалните финансиери.

Куршан гледа на новиот пристап како повеќе персонализиран кон потребите на претприемачите: ,,Ги прилагодуваме инструкциите, истражувањето и менторирањето кон потребите на поединечна компанија преку работилници, неделно менторирање и мрежата на истражувачи, едукатори и инвеститори на GSE (government sponsored enterprises-владини спонзорирани претпријатија)“, додава таа.

Претприемачите велат: ,,Не слушаме добро на почетокот, но на некој начин ни се враќа слухот подоцна“, се пошегува Куршан. Сега се надева дека ќе ја имаат потребната помош за нив подготвена, достапна тогаш кога ќе им затреба.