///
Тренинг за Иновативност со студенти и Старт-апи

Учесници:

Г-ѓа Ерјона Азабела, Научен соработник за врски, Универзитетот ,,Фан С. Ноли“ од Корча

Г-дин Ромео Тероли, Специјалист за кариера и алумни, Универзитетот ,,Фан С. Ноли“ од Корча

Г-дин Стилиан Дораци, Менаџер за финансии, EuroPartners Development

Г-ѓа. Мануела Мече, Експерт за градење капацитети

Главна цел: Организирање на тренинзи и работилници за иновативниот еко-систем во прекуграничната област со образовни институции, стопански комори и невладини организации.

Важноста на тренингот се заснова на: Промоција и поддршка на иновативни модели, менаџмент и неговиот импакт на јавната администрација и на иднината.

Целосен опис: Овој тренинг е одржан и воден од г-ѓа Мануела Мече, која работи како експерт за Градење капацитети. Таа претстави целосен опис на ,,Иновациски капацитети и менаџмент“. Ова е првиот тренинг модул со студентите, подготвен од г-ѓа Мече. Ова беше првиот тренинг во рамките на овој проект, со умерено учество на студенти од различни области, и двајца штотуку дипломирани доктори на науки.

Главни теми за дискусија во овој модул се:

  • Што е иновација?
  • Средства и компетенции за иновација
  • Можности
  • Иновацијата како посебен начин за заработка
  • Типови на иновации
  • Разлики меѓу постепена и радикална иновација
  • Кој има способност за иновација?
  • Иновациски модели и нивните проблеми
  • Додадена вредност на иновациски синџири
  • Матрикс на знаење и ефектите на позитивен фидбек
  • Влијанието на иновацијата во различни полиња, посебно во население, животна средина, движечка економија и СТЕМ науки
  • Динамични структури
  • Шематски приоритети на основите на профитот
  • Вредносни синџири
  • Импликации во иновацијата
  • Човечки капацитети
  • Други компетенции

Електронско водење како пример за иновација во јавната администрација

Подоцна  се дискутираше и на друга точка во овој тренинг. Некои од учесниците ги споменаа иновативните идеи во услугата на јавната администрација. На пример: е-Албанија, Единствен Портал на Јавни Услуги, АДИСА, Интегрирана Сервисна Агенција, у-Албанија, Единствен Портал на Јавни Образовни Услуги, onlinе-плаќање на осигурување, и други OneStopShop имплементирани модели, некои од нив, како дел од финансираните ЕУ проекти на владата на Албанија.

На пример г-ѓа Мече кратко се осврна на нешто од  е-управување. Го смета за најзначајниот развој во уредувањето на јавните услуги, прилагодување и лесен пристап за сите граѓани. За сметка на ова се даде краток заклучок:

  • Е-управување(e-Governance); неговите погодости и можности
  • Иновативни влезови и излези(инпути и аутпути)
  • Соодветни Е-анкети и Излезни Анкети хостирани од модерни софтвери
  • Е-учество и Е-команди
  • Јавна стратегија на иновации
  • Мерливи фактори и нивна методологија
  • Концептуална анализа на содржината
  • Учење дизајн и други чекори во менаџмент на иновациски проекти
  • Фреквенција на иновации
  • Други примери на успешни иновациски програми, апликации и/или МСП

 

Следен чекор: Друг тренинг претходно предвиден, чии таргет групи ќе бидат претставници од бизнис/МСП, работни групи, групи со заеднички интерес и други субјекти.