///
Тренинг со МСП и Старт-ап компании

Учесници:

Г-ѓа Ерјона Азабела, Научен соработник за врски, Универзитетот ,,Фан С. Ноли“ од Корча ж

Г-дин Ромео Тероли, Специјалист за кариера и алумни, Универзитетот ,,Фан С. Ноли“ од Корча 

 Г-ѓа Блерта Туци, Проектен менаџер, EuroPartners Development

Г-дин Стилиан Дораци, Менаџер за финансии, EuroPartners Development

Г-ѓа Мануела Мече, Експерт за градење капацитети

Г-ѓа Албана Лакнори, Експерт за интелектуална сопственост, Стопанска и индустриска комора од Тирана

Г-дин Гоце Толески, Главен на ЈТС Струга

Г-дин Марин Белули, Претставник на Антена од Елбасан

Други учесници од заедницата, јавни институции, мали и средни претпријатија и студенти од универзитети

Главна цел: Организирање на тренинзи / работилници во иновативниот еко-систем во прекуграничната област со МСП, јавни институции, стопански комори и невладини организации.

Важноста на тренингот се заснова на: Промоција и поддршка на иновациски модели, менаџмент на МСП и Старт-ап компании.

Целосен опис: Овој тренинг беше воден од г-ѓа Мануела Мече, која работи како експерт за Градење капацитети и експертот за Интелектуална сопственост  г-ѓа Албана Лакнори, Г-ѓа Мече претстави целосен опис на ,,Менаџмент на иновации“. Ова е исто така вториот тренинг модул подготвен од  г-ѓа Мече.

Вториот дел на тренингот беше одржан од страна на г-ѓа Албана Лакнори, која ги запозна слушателите со прашањата поврзани со Правата и алатките на интелектуалната сопственост. Ова беше втор тренинг наменет за целите на овој проект, со значајна посетеност од страна на добитници на грантови, претставници од МСП, невладини организации и универзитетски студенти.

 

Главни теми на дискусија во овој модул беа:

  • Што е иновација?
  • Постепена и радикална иновација
  • Стратешки стимулации
  • Организациони капацитети
  • Позитивните ефекти на иновацијата
  • Улогата на опкружувањето на иновацијата
  • Кој има способност за иновација?
  • Иновациски модели и нивни проблеми
  • Додадена вредност на иновациските синџири
  • Динамични структури
  • Шематски приоритети на основите на профитот
  • Импликации во иновациите
  • Други компетенции

 

Алатки на Интелектуална сопственост

Тренингот продолжи со презентацијата на г-ѓа Лакнори осврнувајќи се на многу важен аспект кај создавањето иновација како што е опсегот учење за  Интелектуалната сопственост. Таа ги запозна учесниците со законот, правилата за заштитни марки и правата за копирање кои им овозможуваат на луѓето да добијат признание и финансиска добивка од тоа што ќе измислат или креираат.

Главните теми дискутирани во овој модул беа:

  • Разбирање на ИС
  • Видови ИС
  • Права на ИС
  • Важноста на ИС
  • Систем на ИС
  • Патенти на инвенции
  • База на податоци
  • Заштитени гранки
  • Заштитни марки и брендови на услуги
  • Индустриски дизајн
  • Географски индикатори
  • Патенти
  • Права за копирање
  • Заштитни марки, права за копирање и домејн имиња
  • Други компетенции

Следен чекор: Друг тренинг е закажан за следната година чијашто таргет група ќе биде претставници од бизнис/МСП, добитници на грантови, претставници на старт-апи и други субјекти.