///
Јавна одбрана на поднесените проекти во Охрид (1ви ноември 2019, Иновациски хаб во Охрид)

Во тек е јавна презентација на поднесените проекти на јавниот повик за финансирање на проекти за новоосновани трговски друштва „Старт-ап“ и „Спин-оф“ во југозападниот регион како дел од проектот „Иновативен Еко-Систем во областа на прекуграничната соработка“,е „Селекција на најдобар предлог проект“ пред Комисијата за оценување и избор.

Презентацијата се одвива во Иновативниот хаб во Охрид, којшто се наоѓа во рамките на Факултетот за туризам и угостителство и е направен во рамки на истиот проект.

Овој Проект заеднички го спроведуваат #ФИТР, Национален центар за развој на иновации и претприемничко учење (НЦРИПУ), EuroPartners Development и National Agency of Scientific Research and Innovation (ARTI)

Проектот има за цел воспоставување иновациска инфраструктура за трансфер на „know-how“ технологии помеѓу старт-ап компании и МСП во областите на прекугранична соработка меѓу Република Северна Македонија и Република Албанија, а можат да аплицираат компании со регистрирано седиште во општините: Центар Жупа, Дебар, Дебарца, Кичево, Македонски брод, Охрид, Пласница, Струга и Вевчани.

 

FB link to the post: https://www.facebook.com/fondzainovacii/posts/1085553298281630