///
ПАРТНЕРИ

EuroPartners Development од Албанија EPD (Водечки партнер)

Претставува една од водечките организации за развој во Албанија со искуство во овозможување експертска поддршка за создавање капацитети, информирање, едуцирање и поттикнување на јавните и другите институции и заедницата масовно да земе учество во демократизацијата и социо-економските развојни процеси и реформи. Нејзините главни, локални и внатрешни вработени и соработници имаат значително искуство на техничка асистенција на проекти во Албанија, останатиот дел од Западен Балкан, но и на светско ниво и во развојните и во транзиционите  економии.  Водечкиот персонал на организацијата  и членовите имаат меѓусебно искуство од преку една декада во полето на развојот на Албанија и другите земји, работејќи на различни проекти финансирани од Европската Комисија, Светската Банка, UNDP, DFID, Sida, SOROS фондацијата, AECID и други. EPD ја одржува Албанската мрежа на експерти во многу области и дисциплини на истражување. CBC е областа во која тимот на EPD е најмногу специјализиран. Главниот тим на EPD беше интензивно вклучен во а) подготовка на IPA CBC програмата 2007-2011, за Албанија, Црна Гора и Македонија (,,Прекугранично градење на институции“ CBIC регионалниот проект финансиран од Европската Унија (Фаза1 2006-09) б) воспоставување на CBC-структури во земјите на Западен Балкан в) градење на локални капацитети за учество во CBC Повикот за понуди и г) CBC имплементационен процес, вклучувајќи ги Соседските Програми помеѓу Албанија-Грција и Албанија-Италија. EPD ќе ја има улогата на целосно менаџирање на CBC програмата, специфично фокусирајќи се на пакетите за активности 3, 4 и 6.

Address:
Rr. Ismail Qemali P.18, K.5, Nr.25/A, 1019 Tirana, Albania
Tel:
+355 42 234482
Mob:
+355 42 234482
Email:
epd1@europartners.al
Web:
www.europartners.al
Фонд за иновации и технолошки развој од Македонија ФИТР (ко-партнер 1)

Претставува национална јавна институција одговорна за поттикнување и поддршка на иновативни активности во ММСП за да се постигне подинамичен технолошки развој заснован на трансфер на знаење, развојни истражувања и на иновации кои придонесуваат за креирање работни места и економски раст и развој, во исто време унапредувајќи го бизнис опкружувањето за развој на компетитивни способности на компаниите. Фокусот на ФИТР е: (1) Кофинансирање на микро, мали и средни претпријатија (ММСП) регистрирани во Република Македонија, со цел поттикнување иновативни активности, имплементација на иновативни решенија и иновативни процеси, воведување иновации и трансфер на технологии во рамките на компаниите, исто како и поддршка за компаниите со брзорастечки потенцијал; (2) Финансирање ново формирани микро и мали претпријатија регистрирани во Република Македонија, фондации и аксцелератори, со цел на поттикнување на иноваторство кај компаниите и трансфер на резултати од научните истражувања во применливи, комерцијални активности преку основање спин-оф компании; (3) Постигнување успешна соработка на долг рок во развојот националната економија, подобрување на конкурентноста преку технолошки и оперативни унапредувања и нови работни позиции, поддршка за формирање на бизнис и технолошки акцелератори, ентитети кои овозможуваат инфраструктурна поддршка на иновативните активности со намера да се промовира претприемништвото преку поддршка на индивидуи кои сакаат да создадат претпријатие, како и веќе формирани компании во нивната почетна фаза. ФИТР ќе ја има улогата, заедно со ARTI, да го зајакне меѓусекторскиот пристап и да ги локализира иновациските стратегии како и да ги поддржи локалните иновациски хабови, посебно поврзани со активностите од пакетите 2 и 5.

Address:
Macedonian Radio Television, 20th Floor, ГТЦ 1000 Скопје, Македонија
Tel:
+389 (0) 2 314 5258
Email:
info@fitr.mk
Web:
www.fitr.mk
Агенција за истражување, технологија и иновации од Албанија ARTI (ко-партнер 2)

Претставува јавна, државна институција под раководство на Советот на Министри. ARTI е формирана со Одлука на Советот на Министри и ја започна својата активност во март 2010. ARTI се стреми кон градење на модерен систем на наука, зајакнување на истражувањата и технологијата, како и нивна интеграција во високообразовниот систем. ARTI како координативна и водечка структура што соработува со институциите од полето на науката и технологијата за одржлив развој на земјата, во согласност со националните приоритети, работи на развој на научни и технолошки политики и менаџмент на институтите за Истражување и развој (R&D). Мисијата на Агенцијата за истражување, технологија и иновации е да ги процени, финансира, мониторира и менаџира програмите и проектите во полето на науката, технологијата и иноваторството во Албанија. ARTI има за цел да финансира проекти во областа на малите и средни бизниси како и трансфер, модернизација и обновување на нивните технологии. На Национално ниво, ARTI соработува со владините институции, универзитетите и истражувачките институции во имплементирање на Националната стратегија за наука, технологија и иновации 2009-2015. На меѓународно ниво, ARTI го промовира и координира учеството на албанските институции во регионалните и ЕУ програмите во полето на STI, како HORIZON 2020, EURAXESS, EUREKA, TEMPUS, COST, ERASMUS и други. Посебно се фокусира на поддршката за учество на  приватниот сектор и МСП во Истражувачки и Иновациски програми во полиња од голема национална важност, како јавно здравје, земјоделство и животна средина. ARTI ќе има улога заедно со ФИТР, да го зајакне меѓусекторскиот пристап и да ги локализира иновациските стратегии , посебно поврзани со активностите од пакетите 2 и 5.

Address:
“Papa Gjon Pali II”, Str. Nr. 3, Tiranë, Albania
Email:
info@nasri.gov.al
Web:
www.nasri.gov.al
Национален центар за развој на иновации и претприемачко учење од Македонија НЦРИПУ (Ко-апликант 3)

Оваа организација има имплементирано низа национални и интернационални проекти наменети за промоција, поддршка на иновации и претприемачко учење. Функционира како центар отворен кон иновативни, технолошки-базирани и профитабилно ориентирани идеи. Визијата на овој центар е да стане клучен национален двигател во процесите на креирање на компетентност заснована на знаење и иновативна економија кадешто неговата мисија е промоција, поддршка и развој на иновативност и претприемачко учење, со цел да се намали невработеноста преку креирање на нови иновативни бизниси и зајакнување на секторот на МСП во Република Македонија. НЦРИПУ се стреми кон анализа и проценка на тековната состојба во областа на иновациите, претприемништвото, технолошкиот развој и компетентноста на претпријатијата и националната економија, стимулира развој на нова претприемачка култура за да се поврзе знаењето и иновативното општество, го стимулира претприемачкото учење на сите нивоа на образование, и на формалното и на неформалното, за да го прошири претприемачкиот дух меѓу населението, го олеснува разбирањето на иновацијата како начин  на којшто нашето општество се менува и подобрува, го шири прифаќањето на иновацијата како начин на кој ние создаваме бизнис, работиме, ги избираме опциите како потрошувачи и граѓани; подржува водење физибилити студии и воспоставување на центри за старт-ап бизниси, инкубатори и технолошки паркови, овозможува старт-ап тренинзи и финансиска поддршка за повеќето иновативни бизнис идеи и ги води да станат профитабилни брзо-растечки бизниси, креира/развива стратегии за иновации, претприемништво и конкурентност на сите нивоа (компанија, кластер,општина,регион, држава,итн.), создава услуги за креирање услови за лесен влез на странски компании засновани на технологии коишто сакаат да инвестираат во Македонија (вложува труд во иновации, персонал за поддршка на инженери, наоѓање на локален партнер итн.) и дава техничка поддршка на креаторите на политиките за МСП. НЦРИПУ ќе има улога во организирање на тековните активни истражувања и градење капацитети, и особено ќе ја носи целосната одговорност за активноста од пакет 1 и 6.

Address:
БУЛ: „8-ми Септември“ 2-9, 1000, Скопје, Македонија, 1000, Skopje, Macedonia
Tel:
+389 2 3099 482
Fax:
+389 2 3099 481
Email:
info@ncdiel.mk
Web:
www.ncdiel.mk